Слушнав како некој вика: „Помош, помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов многу вознемирена девојка, целосно беше избезумена. Жената, на околу 20 години, веќе се породила, а детето паднало во ВЦ школката! Го извадив, целото беше посивено, црно! Ама успеав да го оживеам!
Вака за српски „Блиц“ раскажува Здравка Рутиќ, хигиеничарка во тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, која била сведок на оваа неверојатна сцена, која добро се заврши поради нејзината присебност и брзо делување.
Набрзо, вели, дошло обезбедувањето и повикало брза помош, од каде лекарите по телефон им објасниле што да направат додека да дојде помошт, односно како да ја врзат папочната врвца.
Рутиќ вели дека жената родила момче и го крстила Вук.
Се започнало кога автобусот од линијата Ковин-Куршумлија правел пауза во Белград, на Главната автобуска станица. Меѓу патниците била девојката на околу 20 години, бремена во деветти месец. Таа патувала со мајка си и ќерка си. Паузата ја искористила за да отиде во тоалет, кога се случило породувањето.
Извор: „Блиц“