Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, летуваше во Албанија.
Таа е видена во просториите на „Хотел Деми“ во Саранда.
Како што може да се види од фотографијата, таа носеше цветен фустан и сламен шешир во рака и изгледа дека поминува неколку дена во релаксација со своите пријателки.
Фотографија од неа објави и Илдико Варга која со амбасадорката на Светската унија на мали и средни претпријатија и адвокатката Етлева Хака летува на југот на Албанија.
Варга е претседателка на Фабриката за кристали Варга и пријателка на Трамп, која случајно се сретнала со Иванка во истиот хотел во Саранда, како што може да се разбере од нејзината објава на социјалните мрежи.
Илдико е основач и на фондацијата Жени за Трамп и е активно вклучена во неговата кампања.
Ова не е прв пат Иванка да доаѓа во Албанија. Таа дојде и во август 2021 година со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, со кој го посетија целиот југ, Кејп Родон, Сазан, Бутринт итн. Двојката беше придружувана и од претседателот на клубот ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.
Престојот на Иванка Трамп како една од најбогатите фамилии од Америка е само јаготка на тортата од туристи кои оваа година ја посетија Албанија кои се бројат во милиони.Албанија во 2023 год ги урна сите рекорди во туризмот.