22-годишнина од Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на внатрешните превирања во Северна Македонија

Во Северна Македонија поминаа 22 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на внатрешните превирања во 2001 година. Северна Македонија во 1991 година без војна прогласи независност од поранешна Југославија, пишува Анадолу.

Првиот Устав донесен по осамостојувањето од Југославија, донесе одредени ограничувања на правата на другите заедници во земјата, особено кај Албанците.

Албанците, барајќи право на високо образование на својот мајчин јазик, во 1994 година основаа свој универзитет. Ова движење не беше поддржано од тогашната Влада и зградата на Универзитетот беше урната од страна на полицијата. Во судирот што изби едно лице загина, а голем број луѓе беа повредени.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.