Мицкоски: Ковачевски гласал на седницата на која се дала согласност за промена имињата на улици, нема предавство зад кое не стои потпис од СДС и ДУИ

Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:

Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади… доставена од град Скопје под водство на СДСМ, напиша нна својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот…

ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал).

На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје

Точка 105 од записникот.

Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае.

извор: ФБ Христијан Мицкоски