Народот е се посиромашен, реалната плата е помала за 5.2%, платите, пензиите и другите примања се со се помала вредност, велат од ВМРО ДПМНЕ

0
121

Стандардот на граѓаните паѓа. Реалната плата во Македонија има пад за 5.2 %. Народот е се посиромашен.

Вредноста на платите, пензиите и другите примања на граѓаните е намалена. Македонија имаше една од највисоките инфлации во Европа и таа уште е висока, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Народот секојдневно се соочува со се поголеми цени и се потешко го поминува месецот.

Секојдневно се покачуваат цените во маркетите, и по 100 артикли на ден имаат поскапи цени.

И додека со СДС и ДУИ народот е се посиромашен се редат матни тендери, зделки во четири очи и огромни профити за фирмите кои водат до врвот на власта.

извор: ВМРО ДПМНЕ