Денешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на #Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот, сподели објава од Левица пратеникот Димитар Апасиев.
Објавата ја пренесуваме во целост:
🚩Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот ГНЕВ, преку пораките кои беа испратени на минатогодишните протести против т.н. Француски предлог и успеа да го наметне притисокот врз опозицијата, која во неколку наврати ретерираше од своите позиции.
⚠️И на денешната собраниска седница, не изостанаа скандалозните повици на ИСТРОШЕНИ политичари од албанскиот политички блок, кои отворено се заканија дека доколку не поминат уставните измени – таканаречени албански општини сами ќе продолжат на патот кон ЕУ?! Овие празни закани на ретроградни партии кои немаат што да понудат, освен етношовинистички изблици, веќе не поминуваат кај македонскиот народ – кој покажа дека идеалите на АСНОМ за македонската државотворност сѐ уште живеат во духот на Македонецот!
👉Левица упатува порака до овие политички субјекти дека соживотот единствено може да се гради преку заедничката АНТИФАШИСТИЧКА историја на македонскиот народ со останатите етникуми, а не преку необалистички повици и празни уцени и закани.
🇲🇰Левица останува единствена парламентарна партија која повикува на целосен ПРЕКИН на преговорите со Бугарија, затоа што патот кон ЕУ единствено може да води преку Копенхашките критериуми – а не преку врховистичките апетити на Софија!
Борбата продолжува!
🚩Смрт на фашизмот и врховизмот – Слобода на народот!
извор: ФБ Димитар Апасиев