Српската пејачка Јелена Карлеуша прослави 45. роденденот во својата луксузна вила на Дедиње, каде го собрала семејството, најблиските пријатели и колегите.
Последниве денови пејачката има и за што да прослави. Покрај роденденот, таа по 10 години го објави музичкиот албум „Алфа“, а потоа најави издавање на уште еден албум, 12-ти по ред, насловен „Омега“.
Целата околина пред базенот во вилата била уредена во алфа стил, а Јелена имала дури и две торти на кои дувала свеќи.
Едната торта била во форма на планета, на чиј врв била фигура на Јелена, додека другата била подискретна, но и со фигура на нејзиниот лик од спотот за „Карлибич“.
Сепак, најголемо внимание привлекла самата Јелена, која била облечена во долг златен, металик фустан.
Пејачката на Инстаграм објави видео од најубавите моменти од нејзиниот роденден и напиша: „Ви благодариме на сите за најубавите роденденски желби. Ова беше вистински „Алфа“ роденден. А најдобриот подарок за мене е неверојатно големиот успех на албумот „Алфа“ и морето од вашата поддршка.И сега доаѓа „Омега““.
https://www.instagram.com/p/CwFiwbnIUWs/
reporter.mk