„Од вчера е совршено јасно дека уставни измени под бугарски диктат нема. И нема ниту да има. Нема потклекнување кога е во прашање достоинството и честа на народот и Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес на прес конференцијата.
„Со онаа слика вчера, на уплашени човечиња од власта, седејќи еден до друг, држејќи си го стравот еден со друг, завршува една неславна генерација политичари кои мислеа дека поради личните задоволства и корист можат да бидат над народот и неговите интереси. Тие се и континуитет на една лоша би рекол триесетгодишна традиција во Македонија, на поединци кои во политиката се богатат над грбот на народот, на напатениот народ и да го распродаваат додека го убедуваат дека го спасуваат. И ова е целата суштина, а се друго е фарса и лажни зборови“, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека вчерашниот ден беше кристално јасен показател за она што повеќе од година дена го говори. Дека се има лош договор еднострано прифатен од власта и дека владата, а со тоа повлекувајќи ја и Македонија ќе удри во ѕид. Од власта на СДС и ДУИ употребија многу лаги, многу манипулации и подметнувања да помине нешто што кај оваа генерација од ВМРО-ДПМНЕ нема ниту теоретска шанса да помине диктат на штета на македонскиот народ и било што во насока на одрекување на заедничкиот вековен идентитет.
Извор: ВМРО ДПМНЕ