Стоилковски: Документите за случајот „Диво месо“ на Онкологија донесени до ВМРО-ДПМНЕ преку укажувачи на криминал и корупција ќе бидат доставени до Јавното обвинителство

Заради генералниот штрајк во администрацијата на Јавното обвинителство не сме во можност да ги доставивме денеска документите до Јавното обвинителство за случајот „Диво месо“ на Онкологија, но тоа не значи дека нема да дојдеме повторно.

Јасна е интенцијата, до сега нема никаков предмет оформен од Јавното обвинителство, има само изјави за некакви активности, но всушност нема никаква реакција, што остава простор за сомнеж дека криминалот се остава непречено да продолжи да тече на Онкологија, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата во целост:

Два месеца од случајот, 20 дена од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека скандалот „Диво месо“ на Онкологија продолжува.

И со отсуство на реакција јасно е дека тоа така ќе продолжи се додека на Ислам Абази му седат над глава, а Јовески чека да стане уставен судија.

Уште пострашно е што Јовески самиот на собраниската комисија за Онкологија, се спротивстави на овие докази и се спротистави на комисијата во Собранието, додека се уште нема ништо, нема никаков предмет од случајот „Диво месо“, криминален канцер на Онкологија!

Затоа во надеж дека некој обвинител ќе се охрабри и нема да дозволи „Диво месо“ да заврши како модуларната, Беса Транс, Ласкарци, како што најавивме документите донесени до ВМРО-ДПМНЕ преку укажувачи на криминал и корупција ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

извор: ВМРО ДПМНЕ