Педофили од Македонија идентификувани во голема акција на Еврпол

Голема заедничка операција против сексуалната злоупотреба на деца во Западен Балкан доведе до идентификување на 39 осомничени педофоили во осум земји, објави денеска Европол, истакнувајќи дека две жртви се ставени под системот за заштита, објави Република.

Во соопштението се прецизира дека акцијата „Мозаик 2023“ ја водела словенечката полиција, а била координирана од Европол во рамките на европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани. Целта на операцијата беше да се идентификуваат и уапсат луѓе кои користат онлајн форуми и апликации за размена и дистрибуција на материјали со сексуална злоупотреба на деца.

Во текот на акцијата „Мозаик 2023“ во Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска и во Унгарија беа спроведени низа акции во периодот од 6 до 17 ноември. Полицијата изврши 41 претрес во земјите по истрагата за споделување слики и видеа со сексуална злоупотреба на деца.

За време на акциите беа одземени повеќе од 200 предмети со слики или видеоматеријали со сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи компјутери, мобилни телефони, серверска опрема и мемориски картички.

Улогата на Европол беше да ја олесни размената на информации меѓу вклучените земји и дополнително да го подобри разбирањето на ситуацијата во Западен Балкан преку проверка на запленетите информации и обезбедување разузнавачки пакети за поддршка на тековните истраги во регионот и пошироко.

Во рамките на европската мултидисциплинарна платформа, Словенија, Хрватска, Унгарија и Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол ги здружија силите за да формираат експертска мрежа на Западен Балкан со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против сексуалната злоупотреба на деца.

извор: Република