Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање од МТВ во однос на изјавата на Артан Груби во вчерашното телевизиско интервју дека наскоро Македонија ќе има Албанец премиер дека тоа било договорено со Заев, а Ковачевски бил запознаен истакна дека тоа е потврда дека ДУИ му ги брои месеците на Ковачевски и потврда дека сите во Димитар Ковачевски гледаат како на привремен, нелегитимен, премиер без авторитет во јавноста кој наскоро ќе биде сменет.
„Ова е потврда дека ДУИ му ги брои месеците на Ковачевски потврда дека сите во Димитар Ковачевски гледаат како на привремен, нелегитимен, премиер без авторитет во јавноста и меѓу министрите, а владините партнери го гледаат како привремен којшто наскоро ќе биде сменет. Ова е потврда и дека Ковачевски ја доби фотелјата на подарок, а сега ја чува за Артан Груби. Дали Груби ќе биде премиер не знаеме, но знаеме дека Груби ги исполнува двата услови за наследник на Ковачевски. Првиот е да е еклатантно неспособен, а вториот – да е доволно криминален, за да биде достоен наследник на Ковачевски“, нагласи Стоилковски.
извор: ВМРО ДПМНЕ