Маја Оџаклиевска се соочува со сериозен здравствен проблем

Легендарната македонска пејачка Маја Оџаклиевска се соочи со сериозен здравствен проблем кој многу ја исплаши, но и ја принуди да го промени начинот на живот.

Децениите поминати на сцена со чести отсуства од дома, нередовната исхрана, нарушениот сон и другити лоши навики на крајот си зеле данок, па победничката на некогашниот „Скопски фестивал“ била принудена да сврти нов лист.

„Не би сакал оваа моја приказна да биде погрешно разбрана, бидејќи сум свесна за луѓето кои имаат многу поголеми проблеми со здравјето од мене. Во мојот случај тоа беше слаба циркулација и маснотии во крвните садови. Всушност, тоа беше плоча на каротидната артерија која, за среќа, може да се лекува, но со многу дисциплина. Кога докторот ми рече дека ако не престанам со некои лоши навики нема враќање назад, бидејќи ми беше зафатен мозочен нерв, многу се исплашив. Тогаш преку ноќ се откажав од цигарите, иако претходно пушев по три кутии дневно“, искрена е Маја.

Клучна улога во нејзиното закрепнување одиграл извесен маж од Сараево кој, откако слушнал за нејзиниот проблем, решил самоиницијативно да ѝ помогне.

„Се занимава со производство на мед со посебни билки. Цели две години ги консумирав неговите производи и се случи чудо. Каротидната плоча беше преполовена, со тенденција на намалување. Можете ли да замислите колку ми олесна. Дополнително, мојата крвна слика сега е, како што вели докторот, како да живеам на планина. Порано немав сила да се искачам на вториот кат, сега комотно можам да играм фудбал“, се шегува Оџаклиевска.

Таа е среќна и што конечно се минато и проблемите со кичмата што ја мачеле со години. За само десет дена, белградски хиропрактичар ѝ помогнал повторно да живее без болка.

„Поради природата на работата што ја одбрав и огромните куфери што ги носев, пршлените, фигуративно кажано, ми зарѓаа. Отидов кај хиропрактик и тој почна да ме „крши“ во секој можен правец. Плачев од болка, дури и му реков дека нема да добие ниту динар од мене, затоа што не сакам да платам некој што ме малтретира. Тој низ смеа ми одговори дека не морам да платам ако не чувствувам подобрување. Три ноќи не можев да спијам од болки. Едно утро се разбудив, станав и сфатив дека веќе ништо не ме боли. Бев збунета, но неверојатно среќна. Отидов кај него и му се заблагодарив од се’ срце“, завршува пејачката.

 

mastilo.mk