Гостиварец додека се движел по улица врз него паднало парче мермер од блискиот објект

Вчеравечер околу 22:30 часот во близина на гостиварскиот плоштад со повреди на главата бил пронајден 39-годишниот гостиварец М.И.

Според пријавеното, додека тој се движел по улица „Илинденска“ врз него паднало парче мермер од блискиот објект.

Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.