Апасиев: Немојте случајно да пуштите инспектори од УЈП во Струга, Кичево, Гостивар, Тетово или Чаир

0
470

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук ја критикува работата на Управата за јавни приходи поради, како што вели тој, најслабата наплата на ДДВ во последните 10 години, односно 120 милиони евра собрани помалку, отколку планираното. Неговиот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост.

– Собрани 120 МИЛИОНИ ЕУР ДДВ помалку од планираното! Најслаба наплата у задњиве 10 години.

Ама немојте случајно да пуштите инспектори од УЈП у Струга, Кичево, Гостивар, Тетово или Чаир. Ќе ги истепаат ко ќе им побараат фискална.

p.s. Каурите ќе плаќаат. Ама не уште долго, напиша Апасиев на Фејсбук.