Free Porn
xbporn

Home МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Ќе заминам од политиката ако само еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гласа...

Мицкоски: Ќе заминам од политиката ако само еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени

0
492

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека доколку само еден пратеник на партијата ја изневери неговата доверба и гласа за уставни измени дека тој ќе се повлече од политиката. „Тоа го кажав и пред нецела година и стојам зад тоа. Ќе го слушнете Димитар Ковачевски дека јас сум се борел за фотелја. А јас кажувам дека ако само еден пратеник ме изневери дека заминувам од политиката. Па кој тогаш кој се бори за фотелја, а јас ќе бидам попрецизен, за тендерите. Нема некој кој што повеќе од него се бори за фотелја“, рече Мицкоски вчера во Кичево по повод 33-години од формирањето на партијата, по повод формирањето на општинскиот комитет.

Мицкоски потсети на периодот кога тогашната власт бараше гласови за менување на името на Република Македонија и рече, најдоа гласови во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Трчаа по ВМРО-ДПМНЕ и најдоа осум гласови.Тоа беше голем срам за партијата, нагласи тој.

„И не беа само осумина пратеници, беа повеќе, имаше неколкумина кои беа на ‘резервната клупа’. Да, тоа е вистината. Додека не ја погледнеме вистината во очи, нема да бидеме подобри. Така беше. И затоа ви повторувам, ако еден пратеник ја изневери мојата доверба, јас заминувам од политиката“, рече Мицкоски.

„И еве, дојде денот, 18 август, кога нашите 44 пратеници рекоа не за бугарскиот диктат, да за Македонија. И не беше лесно, зашто ние не се бориме само против оваа Влада на ДУИ и малите и бедни измеќарчиња од СДСМ, туку се бориме против многу помоќни, денеска во 21 век кога се поставува прашањето за постоењето на македонскиот народ, бидејќи некој се труди да го избрише нашето постоење“, рече Мицкоски.

 

mkd.mk