Република: Внукот на Адеми доби над 112 милиони денари од МНР за „адаптација на сала“ за настан на ОБСЕ

0
419

Компанијата „Еуровиа“ од Желино доби неверојатни 112 милиони денари за „Набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во функција на одржување на Конференцијата на Министерскиот совет во рамки на претседавањето на Република Cеверна Mакедонија со ОБСЕ, во декември 2023 година“, објави Република.

Според документот објавен на страницата за Јавни набавки, парите ќе бидат префрлени од Министерството за надворешни работи на Бујар Османи, воедно и претседавач со ОБСЕ, на фирмата од Желино која за над 1,82 милиони евра ќе врши адаптација на просторот каде во декември ќе се одржи конференцијата.

Инаку, истата фирма овој мај склучи договор и со Министерството за внатрешни работи за изградба на полициска станица во Аеродром за 2,1 милиони евра.

Станува збор за фирма за градежништво на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер Абдулаќим Адеми.

извор:Република