Синоќа со пригодна свеченост започна Охридскиот хорски фестивал 2023. Поздравен говор во име на Општина Охрид, оддржа советничката Ана Крстеска, која воедно го прогласи и за отворен фестивалот.
На овогодинешното издание учество земаат 17 хора од повеќе земји. Охридскиот хорски фестивал 2023 ќе трае четири дена од 24 до 27ми август, а настапите со натпреварувачки карактер како и концертите на духовна , поп и фолк музика ќе се одржуваат во хотелот Инекс – Горица и во католичката црква „ Св. Кирил и Методиј“. Влезот за фестивалските ноќи е слободен.