Речиси една четвртина годишен буџет може да плати државата ако ги загуби петте арбитражните спорови, нивната вредност е 1,3 милијарди евра

110 милиони долари отштета од државата бара групацијата „Амадеус и Амадеус Девелопмент“која во рамките на проектот Скопје 2014 требаше да ги гради „Шпанските скали“, но и зграда и хотел во центарот на Скопје. Иако во 2015 година добила дозвола за градба, општина Центар и забранила да гради. Поради тоа фирмата сега бара отштета. Тоа е една од двете најнови барања за меѓународна арбитража. Втората е од италијанска фирма „ФЦЛ Амбиенте“, која во 2011 година град Скопје ја избра за партнер со кого требаше да работи во ЈП „Дрисла“. Откако фирмата се стекна со 80% удел, во 2018 година Управниот суд го поништи решението за избор и Дрисла повторно стана јавно претпријатие, објави 24.mk.

„Шпанските скали“ се дел од судска постапка, па тоа е еден од аргументите со кои државата ќе настапи пред меѓународната арбитража, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој и за двата случаи прстот го впери во поранешното раководство на ВМРО ДПМНЕ.

Речиси една четвртина годишен буџет може да плати државата ако ги загуби петте арбитражните спорови, кои во моментов се водат против неа. Нивната вредност е 1,3 милијарди евра. Две постапки веќе се завршени во корист на земјава. Вицепремиерот Битиќи вели дека секој кој направил штета, по која државата изгубила арбитражен спор, треба да си ја надомести од сопствен џеб.

извор: 24.mk