Швајцарија на Црвениот крст му предаде 120 златни прачки од непознато потекло.
Во октомври 2019 година, кондуктер во воз кој патувал од Сент Гален до Луцерн открил пакет со 120 златни прачки. На пакетот пишувало „Вредности на МКЦК“ (Меѓународен комитет на Црвениот крст). Четири години не успејаа да откријат од каде е златото.
МКЦК потврди дека имаат намера да го продадат златото и да ги искористат приходите за финансирање на хуманитарни активности. Организацијата во април призна дека се соочува со сериозен недостиг на средства кои и се потребни за да продолжи да работи на сите 350 локации низ светот, пишува „Дело“.
Вкупниот буџет на МКЦК за 2023 година изнесува две милијарди швајцарски франци (2,09 милијарди евра).
Сите 120 златни прачки имале лого и сериски број, но и покрај напорите, истражителите не успеаја да го лоцираат сопственикот на пакетот.
Француската новинска агенција АФП пишува дека ова количество 24-каратно злато на пазарот има вредност од околу 220.000 евра. Ова е несекојдневна ситуација.
faktor.mk