(видео) Полициските хеликоптери исфрлија околу 200 тони вода, локализиран пожарот кај Ајватовци

Во текот на вчерашниот и денешниот ден (26 и 27.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селата Бучинци и Ајватовци, на територија на општина Илинден , упати два хеликоптери (Ми-171 и Бел-212), кои врз пожарот исфрлија околу 200 тони вода. Пожарот е локализиран .

извор: МВР