Бекамови покажаа како се забавуваат на Јадранот

0
247

Викторија Бекам ги покажа семејните фотографии од одморот во Хрватска. Поранешната ѕвезда на „Спајс грлс“ и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам објави серија фотографии направени за време на семејниот престој на Лопуд.

„Времето со семејството е сè“, порача таа и ги одбележа синовите Бруклин и Ромео, кои не му се придружија на семејството на одмор. Ни недостигате“, им напишала таа.

На фотографиите може да се види Дејвид, таа и децата како уживаат во летните активности. Фотографиите и се допаднале и на Ким Кардашијан, за која се шпекулираше дека наминала во Дубровник во јуни.

Инаку, вчера Дејвид Бекам се пофали со фотографии од југот на Италија, па се чини дека семејството вчера ја напуштило Хрватска. Ова е втора година по ред како Бекамови летуваат на Јадранот.

Биле сместени во луксузното одморалиште Лопуд 1483 година. Тоа е поранешен манастир кој бароницата Франческа фон Хабсбург го обновила и денес е една од врвните локации на Јадранот. Во рамките на комплексот има и Света градина.

 

 

zase.mk