Возило на Итната медицинска помош од Куманово се запали, нема повредени

0
237

Возило на Итната медицинска помош од Куманово се запали на улицата „Тоде Мендол“. Во пожарот нема повредени лица, иако со возилото бил транспортиран пациент од Скопје за Куманово.

– За среќа нема повредени. Возачот и случајните минувачи навреме реагирале, го изнеле пациентот на безбедно и почнале да го гасат чадот од предната страна на возилото, изјави за МИА, директорот на Здравствниот дом, Фарук Алили.

Итната медицинска помош од Куманово располага со вкупно четири амбулантски возила, сега поради инцидентот остануваат три возила. Алили нагласува дека сите возила се осигурани.

– Имаме и сервисна служба, одговорен на возен парк, ќе почекаме да видиме, изјави Алили.

Во гаснењето на пожарот интервенирала противпожарна екипа со едно возило.

– Возилото зачадил. Веднаш е повикана Противпожарната единица и пожарот е изгаснат, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Итната медицинска помош од Куманово покрива територија од североисточниот регион, вклучително и неколку гранични премини, меѓу нив и најфреквентниот во државата Табановце, како и селата од козјачијата со над 150.000 жители.

 

 

brif.mk