Боривоје е унгарец од мешан брак кој и го даде српското знаме на Рита Ора, нејзнин голем обожавател

Момче од Унгарија по име Боривоје, кое на концерт ѝ го подари српското знаме на пејачката со албанско потекло Рита Ора, зборуваше за „Телеграф“ и ги искажа своите впечатоци, но откри и дека ја обожава Србија

Боривоје, како што објасни, е Унгарец, но бидејќи е од мешан брак, мајка му е Србинка, поради што го донел знамето на концертот.

– Роден сум во Унгарија, мајка ми е Србинка, отидов на фестивалот и секогаш го носам српското знаме со мене. Без проблем го донесов, таму многу ги сакаат Србите и не правеа никакви проблеми – откри Боривоје за „Телеграф“.

– Дојдов порано да седнам во првиот ред за да снимам видео за Инстаграм – знамето на Србија на концертот на Рита.

Како што открил, не ѝ го дал знамето, туку таа сама го зела и се покрила, што ѝ него го изненадило.

– И таа ме изненади, помина и ми го зеде знамето од рака. Само сакав да направам видео за „Тикток“. Никој друг освен мене не беше со знамето на Србија.

На крајот истакна дека после тоа немал никакви проблеми и дека по концертот разговарал и со Албанец кој видел сѐ и му рекол „дека е многу разочаран од Рита“.

– После тоа немав никаков проблем. Разговарав со Албанец по концертот и му кажав дека таа ми го зеде знамето од рака, а тој рече дека видел дека не сум јас виновен и дека е многу разочаран од неа – заклучува Боривоје за српскиот портал.

 

 

telegraf.rs