Република: Бугарски здруженија бесплатно делат уреди за гледање бугарски телевизии во Македонија

Бугарската фондација  „Македонија“ нуди бесплатно емитување на бугарски телевизиски канали во македонскиот етер.Тие ги повикуваат сите заинтересирани да им доделат уреди за нивните смарт телевизори и таблети за да можат да ги следат бугарските канали, објави Република .

Ова е продолжување на кампањата на Бугарија за медиумско присуство во Македонија. Во Македонија веќе се следи бугарската национална телевизија БТВ 4 како и неколку музички канали како и канал за здрав живот.

Македонската телевизија во  Бугарија и натаму е забранета.

 

извор: Република