Турист од Србија се удави на Лефкада

0
227

Триесетгодишен крагуевчанин се удавил на плажа во Лефкада додека пливал со пријателите. Трагедијата се случила во вторникот на плажата Мегали Петра во Каламица.

Според локалната полиција, тој бил извлечен на брегот и веднаш пренесен во болница, но лекарите можеле само да констатираат смрт.

Телото е пренесено во Одделот за судска медицина во Патрас со цел да се изврши обдукција.

Тој бил на море со својата девојка и двајца пријатели.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавуваат дека се удавил 30-годишен странец, без да ја прецизираат неговата националност.

фото: Архива