Полициски службеници од СВР Тетово, денеска (31 август) околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип.
Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце.
Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела.
Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава.
МВР