„Послушајте патриоти“ во беспрекорна изведба на легендата Наум Петрески и ДНК

Наум Петрески и Панчо и Андреј од дуото ДНК ја отпеаа последната дванаесетта песна „Послушајте патриоти“ од прокетот „Македонијо во срце те носиме“.

Со „Послушајте патриоти“ се затвора кругот – 12 песни, 12 изведувачи, но стартува новото поглавје – концертниот караван во чии рамки ќе се одржат концерти во осум македонски града.

„Послушајте патриоти“ е песна испеана за македонскиот деец Александар КараѓулеОхридски, инаку и самиот автор на стиховите – сведоштво за неговите измачувања во софискиот затвор во 1892 година.Прв пат е снимена од бардот на македонската народна музика Никола Бадев, и тоазадискографската куќа Југотон во Белград. Во своите музички биографиија имаат запишано и Јонче Христовски, Гоце Арнаудов. Оваа композиција во македонското музичко богатство зачувана како револуционерна, овој пат спакувана од маестро Николче Мицевски, сега ја снимија и ДНК и Наум.

reporter.mk