Во меѓународна акција на српската полиција запленети 2,7 тони кокаин

Во меѓународна акција која ја предводеле српското Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) во координација со Европол, на едрилица во Атлантскиот Океан запленети се 2,7 тони кокаин и уапсени се шест лица од кои се запленети повеќе од половина милион евра, соопшти во петокот српската полиција.

Во Србија е уапсен организаторот на криминалната група 70-годишник идентификуван со иницијалите С.К, како и тројца осомничени 35-годишниот Н.С., 43-годишниот Н.С. и 40-годишниот Б.К. Во акцијата се запленети и повеќе од 550.000 евра.

Истрагата за оваа криминала група е започната во јануари 2022 година, пораид сомневања дека се занимава со криумчарење кокаин од Јужна Америка во земјите во Европската унија.

Во операцијата координирано учествувале и полициите на Хрватска, Словенија, Шпанија, Бразил, Францика, Полска, Поругалија, во рамките на оперативната група „Балкански картел“.

Уапсени се шест лица и претресени се 15 станови, а освен кокаин и пари запленети се и две возила од висока класа, скапоцени часовници, електронска опрема, мобилни телефони… Во рамките на финансиската истрага, блокиран е голем број банкарски сметки и недвижнини.

Постојат сомневања е дека оваа организирана криминална група транспортирала кокаин од Јужна Америка, користејќи поморски едрилици, а испраќањето на пратките се ршело со користење шифрирани платформи за комуникации.

извор: МУП Србија