Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Скопје – Хидроцентрала „Козјак“, во близина на крстосница со локален пат за с.Брезница, скопско, С.К.(29) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Од здобиените повреди, на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.