СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција и криминалот кои што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го сокријат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање кој е неговиот коментар во однос на најавените измени на Кривичниот законик со европско знаменце од владата на СДСМ и ДУИ.
Мицкоски додаде дека владата на СДСМ и ДУИ турка два члена од законот а тоа се измени на законот за злоупотреба на службена положба и членот за злосторничко здружување.
-Ќе кажам две работи кои што се важни да се знаат. Првата работа е дека владата на СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција. Зошто се спремаат за опозиција? Затоа што вака на шверцерски начин со злоупотреба на европско знаменце ги носи измените во Кривичниот законик, генерално во два члена, а тоа се членот кој што го опфаќа делот за злоупотреба на службена положба и вториот член тоа е злосторничко здружување. Тоа се двата члена. И тие сега за да го опремената сето ова и да му дадат европско знаменце, нормално ставаат и некои други членови кои апсолутно не се суштината на овој закон. Важно е да се каже дека се спремаат за опозиција и криминалот кои што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го сокријат, изјави Мицкоски.
Претседателот Мицкоски упати порака дека дури и да го носат законот со златно знаме, а не со европско секој кој што се огрешил пред законот, а за што постои докази ќе одговараат.
-Но, втората моја порака до нив е и со златно знаме да го донесат овој закон, има можности веднаш после падот на оваа криминална влада сите оние кои што сториле криминал а за кои што постојат докази да одговараат и јас ви ветувам дека ќе одговараат, дециден е Мицкоски.