Врвниот микробиолог, д-р Никола Пановски, во гостување на Канал 5, изјави дека скандалот на Онкологија нанесува голема штета на македонското здравство, а граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност.
МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите. Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство, смета д-р Пановски.
Според него, лошата ситуација во македонското здравство е резултат, пред сè, на партизацијата.
Партиското поставување директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби. Се поставуваат целосно несоодветни кадри, со несоодветни струки за директори на клиники. Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви, вели д-р Пановски.
извор: Канал 5