ЦУК: Нема опасност од пожарот кон манастирот во село Зрзе

Кракот од пожарот кој се движеше во насока на село Зрзе е под контрола и нема опасност ниту по манастирот ниту по селото Зрзе, информира Центарот за управување со кризи.
На пожарот инервенираа два Ер трактори на ДЗС и хеликоптер на МВР кои помогнаа да бидат ставени под контрола краците на пожарот кои ги загрозуваа селата Зрзе и Кошино.

Хеликоптерот на МВР Бел-212 денеска исфрли над 23 тони вода интервенирајќи во пожарот над прилепско Кошино, информираат од МВР.

„ОДДЕЛОТ ЗА ВОЗДУХОПЛОВНИ ЕДИНИЦИ НА МВР ПО ДОБИЕНО БАРАЊЕ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ ЗА ГАСЕЊЕ НА ПОЖАР НА СУВА ТРЕВА И НИСКОСТЕБЛЕСТА ВЕГЕТАЦИЈА НАД СЕЛО КОШИНО, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, ПРИЛЕПСКО, ПРИЈАВЕН ВО 13.40 ЧАСОТ, ГО УПАТИ ХЕЛИКОПТЕРОТ БЕЛ-212”, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО.

Полицискиот хеликоптер, како што додаваат оттаму, дејствуваше координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и ер-трактори на ДЗС, при што се локализирани неколку краци од пожарот кои се наближуваа до две села во општина Долнени.

Со хеликоптерот Бел-212 при гасењето беа исфрлени 23 тони вода во повеќе од 30 налети, со што беше спречено пожарот да се прошири и да го зафати селото.

 

ЦУК