Попладнево непознати напаѓачи убиле шест лица со 25 куршуми во атинското предградие Артемида во источниот дел на грчкиот главен град, јавуваат грчките медиуми.
Станува збор за странски државјани кои веројатно биле нападнати од заседа. Пет од нив биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблици, додека телото на шестото лице било во непосредна близина на возилото.
Полицијата трага по мотор и црн автомобил со кои наводно побегнале сторителите.
Медиумите пишуваат дека, според првичните информации, станува збор за пресметка.
На местото на инцидентот пристигнала брза помош која можела само да ја констатира смртта на настраданите. Силни полициски сили ја опколиле областа каде што е извршено убиството.