Трактор со приколка удрил во малолетничка од с.Ропаљце и го напуштил местото

0
108

Вчера во 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Ропаљце, општина Липково, трактор со приколка удрил во малолетничка од с.Ропаљце и го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.