Тамбураши дефилирајќи по улиците низ Нови Сад во пајтони вчера го започнаа светскиот „Тамбурица фест“

0
226

Звукот на коњските копита што влечеа кочии со распеано друштво и музиката на тамбурите и играорците го исполнија синоќа центарот на Нови Сад, означувајќи го почетокот на 16. светски „Тамбурица фест“ на кој до недела ќе се соберат голем број музичари и вокални солисти на тамбурашката музика од повеќе земји, но и голем број посетители, известува Анадолу.

Свеченото отворање на фестивалот е денес во 20 часот на „Плоштадот на слободата“ со настап на тамбурашки оркестар и хор.

„Се потрудивме оваа година да подготвиме интересна и богата програма и, според реакциите на заинтересираните, очекуваме голем број гости од регионот и од странство“, истакна претседателот на „Тамбурица фест 2023“, Јован Пејчиќ.

Во сабота ќе биде организирана „Тамбурашка мондовизија“ на која, во придружба на Тамбурашкиот оркестар на Радио телевизија Војводина, ќе се натпреваруваат солисти до 11 земји.

„Ќе се избираат најдобра песна и најдобар аранжман, како и најдобар машки и женски солист. Шест тамбурашки ансамбли од Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија ќе имаат од 10 до 12 минути за да се претстават, изведувајќи вокално-инструментални композиции. Освен наградата за најдобар оркестар, ќе биде избран најдобар примаш, бас-примаш, бегераш и оркестар што ќе има најдобар уметнички израз“, најави уметничкиот уредник на фестивалот, Јован Травица.

Во ревијалниот дел на фестивалот денес ќе настапи пејачот Дејан Матиќ, во сабота настапуваат бендот „Херценшлус“ и „Лексинтон бенд“. Фестивалот трае до недела, 17 септември, а влезот е бесплатен.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.