Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР исфрлајќи 15 тони вода целосно го локализираше пожарот кај Осинчани, општина Студеничани

Хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (15.09.2023), откако заврши со гаснење на пожарот кај Чашка, во координација со Центарот за управување со кризи, во 14.00 часот го испрати

хеликоптерот Бел ер 412 во реонот на селото Осинчани.
Имено, пожарот во кој биле зафатени густа нискостеблеста шума и сува трева во општина Студеничани беше пријавен околу 12.10, а во негово локализирање учествуваше и Бригадата за противпожарна заштита. Хеликоптерот Бел ер 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР во повеќе налети исфрли над 15 тони вода, со што успешно и целосно и овој пожар беше локализиран.

извор:МВР