More

    (ФОТО) Нов фрескоживопис и наскоро осветување на омилениот манастир на Тоше, Преображение

    Познатиот манастир Свето Преображение кај Крушево кое посебно се издигна по засуга на големиот Тоше Проески наскоро го добива својот целосен манастирски сјај.

     

    Манастирот на 24 септември оваа година ќе биде осветен, а на Фејсбук страницата манастир Св. Преображение – Крушево објавени се и фотографии на кои се гледа новиот фрескоживопис во манастирот.

     

    На социјалните мрежи има и соопштение од страна на Митрополијата крушевска и демирхисарска во кое се вели следново:

    Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески. Осветувањето на манастирската црква благоволи да го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на 24 септември оваа година, во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пишува во соопштението на Фејсбук објавено од страна на Митрополијата крушевска и демирхисарска.

    glamur.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    26.8 ° C
    26.8 °
    26.8 °
    32 %
    0.5kmh
    20 %
    Thu
    24 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img