More

    Жител од Арачиново убодел двајца жители од Аеродром

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид).

    Освен тоа, соопштија денеска од јавно обвинителство на Република Македонија, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

    Според ОЈО арачиновецот со џип возел по плочник пред трговски центар во Аеродром и кога граѓаните реагирале тој со нож нападнал неколку аеродромци.

    На 11 септември, осомничениот се обидел со умисла да лиши од живот две лица, кои вербално протестирале затоа што со голема брзина управувал автомобил „Ленд ровер“ по плочникот кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на луѓето.

     

     

    kanal5.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img