Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Италија.
Потресот се случи утринава во 5 часот и 10 минути во провинцијата Фиренца, јавува Република.
Како што се наведува, стотици луѓе излегоа на улиците откако се затресе земјата.
Училиштата беа затворени во неколку општини, додека луѓето во страв излегоа на улиците.
По силниот земјотрес имало неколку последователни потреси, јавуваат италијанските медиуми.
republika.mk