Востоличен новиот Митрополит Делчевско-каменички г. Марко

На вчерашната свечена Архиерејска Литургија во соборниот делчевски храм на Сечесното Успение на Мајката Божја беше востоличен новиот Митрополит на Делчевско-каменичката епархија, Високопреосветениот г. Марко. Со овој свештен чин, за прв пат во поновата црковна историја, Делчево станува митрополитско седиште.

На Светата Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Делчевско-каменички г. Марко, кому му сослужуваа Митрополитите: г. Иларион Брегалнички, г. Јован Крушевско-демирхисарски и г. Григориј од Кумановско-осоговски како и Епископите од Србија: г. Пахомиј Врањски, г. Андреј од Австриско-швајцарски и г. Арсениј Нишки.

Молитвено учествуваа и други архиереи: Митрополитот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Дремвицки г. Давид, Епископот Стобиски г. Јаков и пензионираниот Митрополит г. Јосиф поранешен Кумановско-осоговски.

Чинот на востоличување беше изведен од Митрополитот Брегалнички г. Иларион, од чијашто досегашна епархија произлезе новата православна епархија Делчевско-каменичка.

Нашето монашко братство, возглавено од Старецот Епископ г. Партениј, срдечно му честита на нововостоличениот Митрополит Делчевско-кумановски г. Марко и му посакува обилни од Бога благослови, сили и просветление, за богоугодно и доброплодно да го напасува стадото Христово во доверената му нива Господова.

 

 

Бигорски манастир