Останки на неандерталци, вид праисториски луѓе кои живееле во периодот од пред 250.000 до 40.000 години, се пронајдени во пештерата Симања во паркот на природата Сант Лоренц Савал во близина на Барселона, јавува Анадолу.
На прес-конференцијата одржана вчера во Археолошкиот музеј на Каталонија објавено е дека останките стари 50.000 години се состојат од 54 парчиња и вклучуваат делови на возрасно лице, најверојатно жена, како и останки на тинејџер на возраст од 11-12 години и дете на возраст од 7-8 години.
Останките се меѓу најзначајните неандерталски остатоци пронајдени на Пиринејскиот Полуостров кои обезбедуваат увид во распространетоста на неандерталците низ Европа, беше истакнато на прес-конференцијата.
Тековните ископувања во пештерата се спроведуваат во партнерство со неколку универзитети од Шпанија и Италија.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.