ВМРО ДПМНЕ: Единствен кој се распаѓа е СДС, двајца пратеници не им гласаа за уставни измени, и ДУИ кои им се отцепи фракција

0
132

Единствен кој се распаѓа е СДС, двајца пратеници не им гласаа за уставни измени, и ДУИ кои им се отцепи фракција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

СДС тонат секој ден. Нема анкета на која СДС не губи со разлика од 3:1.

ДУИ се пред распаѓање, сите видоа дека се криминално здружение, каде тендерите се пред се.

И во СДС и во ДУИ сите знаат дека крајот им се ближи, па бегаат и го напуштаат бродот кој тоне.

Власта знае дека уставни измени нема да има, па дури и нивни пратеници нема да ги поддржат, затоа креираат вештачки раскол во ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се стопи како мајски снег.

извор: ВМРО ДПМНЕ