Власта со новиот измислен данок, сака да им земе арач на лојалните фирми, место да се бори со сивата економија, велат од ВМРО ДПМНЕ

Ахмети и Ковачевски измислија нов данок, кој внимавајте го нарекоа „солидарен“, а со кој во реалноста се собира дупло данок, од оние компании, кои редовно си ги плаќаат своите давачки и се лојални кон својата држава, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Место власта да се бори против сивата економија, која цвета во Македонија, таа сака да ги одере овие компании.

Но оваа мерка не важи за оние фирми, кои се основани минатата година, а кои се занимаваат со продажба на струја, што е смешно, кога токму тие фирми се основани од роднините и пријателите на високите функционери на ДУИ и СДС, кои се стекнаа со милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на власт за брзо време, веднаш ќе го избрише овој несолидарен данок и целосно ќе се посвети во сузбивање на сивата економија.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ