Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, стана многу популарен откако зема учество во пожарите кои беснееја во земјава и со се што можеше гасеше пожар во овид да им помогне на пожарникарите.
Откако стана вирален со видеа како гаси пожар со нозе, гранки и шише вода, реши да им возврати на сите што го коментираат дека не му е гајле за нивните коментари, се додека спасува дрвја.
„Чувството кога знаеш дека со обична гранка си спасил најмалку десетина стари борови високи по 15-тина метри вреди повеќе од однапред пресметаниот ризик на можни исмејувања во коментар.
Чиста совест, зелен бор, не ми е гајле за навредлив одговор“, напиша тој на Фејсбук.
фото ФБ