Девојката ранета во оружениот напад во Чикаго во кој загина Србин, била родена во Скопје.
Како што пишува „Србијан тајмс“, скопјанката, која имала српско потекло, била погодена со три куршуми – во ногата, рамото и раката. По итната операција, лекарите успеале да и ја спасат ногата, а и претстои уште една операција на раката, како и третман за сериозната психичка траума.
Никола М. (29) од Крагуевац е убиен во престрелка што се случила во фирмата каде што тој бил вработен како возач на камион. Според информациите на медиумите, млад човек и девојка од Србија биле застрелани од неговиот колега Џереми Џером Спајсер (31), кој подоцна извршил самоубиство кога полицијата го опколила.
Откако го убил Никола, Спајсер отишол во фирмата „Форс“ од која претходно бил отпуштен и ја застрелал девојката која работела таму.