Катакомбите на Лима, подземните гробишта го привлекуваат вниманието на археолозите и историчарите

Катакомбите (подземни гробишта) под базиликата и манастирот „Сан Франциско“ во Лима, главниот град на Перу, го привлекуваат вниманието на археолозите и љубителите на историјата, пишува Анадолу.

На гробиштата се наоѓаат посмртните останки на илјадници луѓе кои биле погребани според религиозните верувања во периодот помеѓу XVI и XIX век.

Подземните гробишта, кои многу туристи ги посетуваат со трепет поради урбаните легенди и митови раскажувани низ годините, нудат увид за верувањата и погребните церемонии од тој период.

Градбата слична на некропола, која содржи стотици скелети закопани во пет јами, секоја длабока по десет метри, под црквата, исто така била дизајнирана да го заштити комплексот од земјотреси.

Црквата и гробиштата, кои денес се користат како музеј, фрлаат светлина и на периодот на XIX век, кога Перу ја стекнува својата независност од Шпанците, со своите културни карактеристики.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.