Мојата нова љубов е македонско девојче, вели Антиќ по гласините дека е во врска со Цеца

Веќе неколку месеци се шпекулира дека нашиот поранешен кошаркар Перо Антиќ и балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ се во романтична врска, пишува ММС“.

Гласините околу нивната врска почнаа набргу, откако се прозборе дека Перо и манекенката Катарина Иванова раскинале.

Во разговор со „ММС“, тој откри дали Цеца Ражнатовиќ ќе стане македонска снаа и дали навистина е во врска со него.

„Абе тоа се секти, кои измислуваат приказни, а јас сум си среќно заљубен со друга личност и нека не ме мешаат со други за ефтини кликови на интернет. Нема врска. Зашто Скопје е станато како „мртво море“, како што вели Цеца во песната? Ете затоа. Од рекла – казала приказни. Место да се гледат поголеми вредности, се измислуваат приказни. И затоа пропаѓа градот, да не кажам државата. Од такви нелуѓе“, вели тој за „ММС“.

Перо Антиќ ретко зборува за приватниот живот, затоа и овој пат вели дека нема да каже со кого е во врска, но, дека секако тоа не е фолк-пејачката Цеца.

„Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче“, вели тој.

„А со Цеца се знам, да. Се имам запознаено на еден хепенинг, но тоа нема врска од овие глупости за кликови. Приказни кои ги измислуваат секти“, додава Перо.

 

 

mms.mk