Со љубов за Тоше, 16 години од неговиот последен концерт во Скопје

5ти октомври на Платото пред Спомен куќата на Тоше ќе пееме во негова чест. Неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи, сограѓани ќе се потсетат на неговите безвремени хитови. Општина Крушево во тесна соработка со управниот одбор на спомен куќата и директорот, се погрижија организацијата да биде беспрекорна.

Нашиот Тоше живее во секоја насмевка, во човештината на која не учеше, на големината на љубовта да дадеш премногу и кога немаш…

Означуваме 16 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот најпознат пејач на сите времиња.

📌

05.10.2023
📌
19 часот
📌
Плато пред Спомен куќа Тоше Проески

 

општина Крушево