Матеј Белистојаноски денес го освои вториот бронезен медал за Македонија на Карате 1 Серија во Ларнака, Кипар.
Белистојаноски (-60 кг) во борбата за бронзата го совлада Италијанецот Кристијан Сабатино 2-1.
Матеј навестува дека ја темпира формата за на Светското првенство во Будмпешта од 24 до 29 октомври, а тоа е знак дека ќе може да ја израдува македонската јавност и од Унгарија.
Ова голем успех на Белистојаноски во сениорска конкуренција, надоврзаувајќи се на успесите во јуниорска и кадетска конкуренција.
Пред неполн час Петар Заборски се закити со првата бронза за Макењдонија, салвеше против Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.
Додека Стефан Стојановиќ беше поразен од Иранецот Махди Ашури 1-5 во борбата за бронзениот медал. Стојановиќ (+84 кг) го освои петтото место.
На овој турнир на Карате 1 Серија А настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.
ipon.mk