Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници.
Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот.
Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на овој округот е и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
Советот на округот Корча, брои 24 советници од 6 општини Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол.
vesnik-ilinden.mk